Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
0
Опис на книгата :Share
Вознемирувачко, прекрасно, ужасно и емотивно – сето тоа заедно. Одамна не сум прочитал нешто толку силно и оригинално. Извонредно значајна книга. Ентони Каминс, Literary Review Џејк Вајт живее на тажен, речиси пуст остров блиску до британскиот брег. На чобанката со машко име Џејк единствено друштво на островот ѝ е нејзиното куче, што таа го вика едноставно – Пес. Неволјите се појавуваат кога некој или нешто почнува да ги убива нејзините овци. Напнатата сторија за Џејк се одвива низ двојна нарација. Додека настаните во нејзиниот живот на островот се одвиваат хронолошки, епизодите од нејзиниот дотогашен живот се прикажуваат низ флешбек, откривајќи злокобни и заканувачки детали од нејзиното минато. Тоа го вклучува и времето кое го поминала стрижејќи овци во западна Австралија, мачниот пресврт во судбината што ја натерал да се занимава со проституција и трауматичните искуства што се главна причина за трајното искоренување и изолација на Џејк. Таа е прогонувана од минатото и истовремено е соочена со постојаната борба со сегашноста и затоа интензитетот и напнатоста во романот растат заканувајќи се дека ќе се судрат. Длабоко вознемирувачки, напнат егзистенцијалистички трилер. Вајлд мајсторски гради атмосфера на сеприсутна закана, таа е експерт за замаглување на границите меѓу замислениот и вистинскиот ужас и за доловување на морална двосмисленост и нејасност. Но, тоа е всушност високата вредност на нејзината лирична проза, тоа е она што читателот го остава без здив. The Guardian Стилот на Еви Вајлд е прецизен, жесток и поетичен и не е чудно што авторката со својата проза ги освои литературните критичари исто како и публиката. Станува збор за изнијансирано истражување на човечкото страдање и за жилавоста што произлегува од нешто длабоко, вознемирувачко, речиси настрано. Сосема заслужени пофалби за еден несекојдневен книжевен талент. The Sunday Times Впечатлив роман, со напната фабула и атмосфера што ќе ви предизвика студени морници. New York Times Book Review –
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата