Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2016
Опис на книгата :Share
„Вкрстување на световите“ е наслов што во себе вклучува еден подолг наслов: „Вкрстување на световите на Истокот и Западот (интерпретација на перцепцијата и нарацијата во делата Прашина од Милчо Манчевски, Се викам Црвено од Орхан Памук и Боречки клуб од Чак Паланик)“, магистерски труд на Исмајлоска. Текстот се обидува преку една компаративистичко-контрастивна согледба да даде анализа на вкрстувањето помеѓу Истокот и Западот, видено преку вкрстувањето на зборот и сликата. Двојно вкрстување, израз на копнеж за давање теоретски одговор на некои метафизички прашања. „Својот културолошки пристап авторката го заокружува со поврзувањето на источната и западната мисла присутна во делата на мислителите што биле способни да го вкрстат сопственото поимање на бивствувањето и светот со она на Платоновата филозофија или Аристотеловата метафизика“. проф. д-р Славица Србиновска
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата