Црната кралица Косем Султан

Демет Алтинјелеклиоглу

Бата прес

2017

400 ден.

Цена на печатено издание: 600 ден.

Страници од печатеното издание:736

Опис на книгата :Share

Борба за власт, убиства на можните претенденти на тронот, љубов и интриги во сарајот на Султанот. Спремна речиси на сè за да стане најмоќната жена во Империјата. Силна, борбена и величествена. Ангел и демон во една личност. Во историјата е наречена Црната кралица. За султанот Ахмед таа беше неговата Махпејкер (месечина). Но, длабоко во себе, Анастасија беше еднa едноставна побожна попска ќерка, грабната од грч­киот остров Милос. Кога имаше само петнаесет години, од Куманово, преку Скопје и Солун таа пристигна во харемот на Султанот и беше само една од многуте слугинки во Сарајот. Како и да е, судбината го направи најнеочекуваното… Нејзината несекојдневна убавина и интелигенција ја забележа бабата на султанот Ахмед. Султанката ја зеде младата девојка под нејзина закрила, подготвувајќи ја за улогата што и самата некогаш ја имаше. Анастасија стана најистакнатата жена во Османлиската Империја, омилената жена на Султанот. Сега како Султанка, мораше да го прифати предизвикот, интригите во палатата и секогаш да биде будна за непријателите што чекор по чекор се прикрадуваа и беа нејзина смртна закана и смртна закана за нејзините деца... Авторката на овој роман инспириран и напишан според вистинските историски настани Демет Алтинјелеклиоглу е родена во Анкара. Таа дипломирала политички науки при универзитетот во Анкара. Од 1980 година, Демет работела како директор во различни сектори во ТРТ – турската радио и телевизија. Автор е на повеќе дела, а работи и како преведувач. Алтинјелеклиоглу со својата фамилија живее во Бодрум и Мајами.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата

[email protected]

Dosta obemno delo. Isprepleteni sudbini i mn krvoproleanja...

[email protected]

Одличен.