Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2018
Опис на книгата :Share
„Азбука за непослушните“ е роман сместен во 863 година, во манастирот Полихронос на Олимп. Главната приказна за послушните и непослушните ја раскажува, односно ја запишува, немиот клисар во манастирот. Литерарен, филозофски и историски преплет преку кој се реактуализира средновековието. Авторот му поставува директни прашања на читателот, испитувајќи го колку знае за себе, за сопствената историја, за Библијата, митологијата и фолклорот. Андоновски прави „воскреснување на замрените букви“, кои преку својата фиксирана ортографија зборуваат за едно ликовно поимање на стварноста. Преку девет столетија, авторот дешифрира архаични зборови/архаизми и на инвентивен начин ја реактуализира и глаголицата, при што зад секоја буква создава приказна. Првиот роман на Венко Андоновски нè освојува со својата свежа интерпретација на средниот век и просторите на кои живееме.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата