Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2016
Опис на книгата :Share
Роман за чешкиот фотограф Франтишек Дртикол и за историјата на фотографијата како нов вид уметност. Сте размислувале ли некогаш како би изгледала приказна раскажана со светлосни зраци? Кој бил, всушност, Франтишек Дртикол? Конте од рударско гратче, светски познат фотограф со пропаднат бизнис, мајстор на актот што немал среќа со жените, мистик и будист што поверувал во комунизмот, накратко – маж синтеза на многу противречности. Романот претставува вистинска фреска, која покрива повеќе од половина век: во неа оживуваат прибрамските рудници за сребро, Минхен во периодот на сецесијата, како и боемштината на Првата република, кога моделките еднаподруга голи се шетаат на светлото, кое незабележливо се слева со свеста... Историја на светлината е добитник на Европската награда за книжевност во 2014 година, како и на наградите Чешка книга и Јозеф Шкворецки. „Може да им го препорачаме и на сериозните фотољупци и на лаиците.“ Клара Шмејкалова
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата