Narro ergo sum

Владимир Мартиновски

Антолог

119 ден.

Цена на печатено издание: 300 ден.

Страници од печатеното издание:2013

Опис на книгата :Share

Мартиновски во манир на искусен компаратист во книгата докажува дека не само што современата литература мора да се храни од дијалогот со книжевната историја, туку и дека современата теорија на литературата е невозможна ако таа во својата основа не е отворена, хибридна, комбинаторичка. Се чини дека ова се и главните квалитети во есеите на Мартиновски – тој успева да ги препрочита големите книжевни канони за кои сите по малку веруваме дека знаеме речиси сѐ, додавајќи нешто свое – мала промена на аголот на читање, нова перспектива во однос со некоја современа тенденција, поврзување со некое подоцнежно поетичко начело, на тој начин уште еднаш потврдувајќи ја идејата на Хорхе Луис Борхес дека не само што претходниците влијаат врз оние писатели што доаѓаат по нив, туку и современите писатели влијаат на начинот на кој ќе бидат читани нивните претходници. Мартиновски во еден лежерен, „борхeсовски манир“, со секогаш присутни, но не премногу наметливи, референции, во Раскажувам значи постојам всушност ја раскажува приказната за она што Гете го нарекуваше „светска книжевност“ – концепт според кој една литература може да биде жива и актуелна само преку спојот и во креативниот дијалог со другата литература, како дел од големиот културен мозаик.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата