Не ми е страв

Николо Аманити

Антолог

2018

119 ден.

Цена на печатено издание: 250 ден.

Страници од печатеното издание:192

Опис на книгата :Share

Дејството на книгата е сместено на југот од Италија, при крајот на 1970-тите години. Најжешкото лето на дваесеттиот век. Мала заедница од пет куќи во огромно поле со пченица. Токму таму деветгодишниот Микеле Амитрано открива многу важна, страшна тајна и не му ја кажува никому. Во драматичните настани што следуваат, ќе се сруши детскиот свет, а возрасните ќе го прикажат своето вистинско, ужасно лице. Италија на фудбалот, стриповите, старите „фиати“ и популарните радиомелодии е опишана во ритамот на вистински трилер. Моќен, лирски и многу вешто раскажан роман, споредуван со делата на Итало Калвино и на Стивен Кинг. Со овој роман, Аманити станал најмладиот добитник на престижната награда „Вијареџо“. „Не ми е страв“ е преведен на десетина јазици и адаптиран во филм. „Новиот италијански збор за талент е Аманити.“ The Times (UK) „Аманити раскажува неизвесна приказна како во трилер на Хичкок.“ Washington Post

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата

biskovski18@gmail.com

ivana.kreator@yahoo.com

Daleku od Hickok i od dobra kniga... Dosadno i bez vrska, mnogu ocekuvav i se razocarav.