Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2022
Опис на книгата :Share
Тринаесетте раскази од оваа книга се занимаваат со размислувањата околу тоа што се менува во текот на времето во светот на протагонистите и на што му е судено вечно да трае. Се поставуваат прашања за човековото битие, љубовта, личната слобода, Бог и судбината, покрај кои животот на современиот човек се доживува како најголемо постигнување. Кратките раскази на Ополскаите започнуваат со приказ на односите во рамките на едно семејство: меѓу сопружниците, родителите и децата, браќата и сестрите, понекогаш меѓу блиските пријатели или љубовниците. Темите на предавството или гризењето на совеста се истражуваат преку јазикот, кој е нежен и богат. Еден соголен реализам на човековото постоење силно дејствува врз читателската фантазија, а некои елементи на мистика и фантастика одржуваат рамнотежа меѓу видливиот свет и магичниот реализам. Расказите се пишувани во период од осумнаесет години, период во кој добија највисоки оценки од книжевната критика. „Решетки“ во 2018 година ја освојува „Нобеловата награда за литвански кратки раскази“, а расказот „Дојди преку мразот“ е награден со наградата „Јургис Кунчинас“. Во 2019 година „Пирамидите на денот“ја добива престижната Награда за литература на Европската Унија.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата