Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2022
Опис на книгата :Share
Ида има триесет и нешто години, живее со својот сопруг во Рим и работи за радиостаница. Тукушто пристигнува во Месина, својот роден град. Мајка ѝ планира да го реновира семејниот дом и да го продаде, па ја вика ќерка си да ѝ помогне при расчистувањето, да провери што сака да задржи. Опкружена со предметите од минатото, Ида е принудена да се соочи со траумата што ја има обележано. Дваесет и три години претходно исчезнал татко ѝ: едно утро просто си заминал и никогаш веќе не се вратил. Од неговото отсуство произлегува свирепиот молк кон мајката, идентитетот заснован врз неправилност, па дури и односот со сопругот, истовремено спас и бродолом. Отсликувајќи се во недостигот, Ида станува жена под силно влијание на стравот и на сомнежот кон секаков вид желба. Но сега, кога семејниот дом ја опседнува со своите сеништа, мора да најде начин да го прекине маѓепсаниот круг и да се ослободи од татко си. Книгата раскажува за опседнатоста со загубата, таа борба гради в гради што сите мора да најдеме начин да ја преживееме. Поетичен и интимен роман за изградбата на сопствениот идентитет, кој е добитник на повеќе награди, а „Кориере дела сера“ го вброи во десетте најдобри романи за 2018 година.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата