Татковина

Фернандо Арамбуру

Артконект

2021

400 ден.

Цена на печатено издание: 490 ден.

Страници од печатеното издание:664

Опис на книгата :Share

„Татковина“ е приказна за две семејства што живеат во едно мало баскиско село во близина на Сан Себастијан. Нивното долгогодишно блиско пријателство ќе биде загрозено со порастот на национализмот, а потоа и целосно распарчено со појавата на паравоената организација ЕТА. Низ панорамски приказ што опфаќа повеќе од три децении, овој потресен и длабок роман зборува за осцилациите меѓу љубовта и омразата и за мачниот пат до прифаќањето на себеси. Со објавувањето на „Татковина“ во 2016 година, Фернандо Арамбуру станува еден од најнаградуваните и најпреведуваните шпански автори. Во 2020 година романот е екранизиран во успешна телевизиска серија. „Одамна не сум прочитал толку уверлива и потресна книга, толку мудро напишана… ‘Татковина’ е врвно книжевно дело, а воедно и елоквентно сведоштво на историската стварност.“ Марио Варгас Љоса, „Ел паис“ „Исклучително моќно дело… чија структурна и емоционална сложеност нè потсетува колку неодолива, сеопфатна и силна може да биде книжевноста.“ „Ди цајт“ „Арамбуру нè поттикнува да размислуваме за горчливите поделби со кои живееме и за можностите за помирување.“ „Сандеј тајмс“

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата