Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2021
Опис на книгата :Share
Збирката раскази „Сведокот“ е поделена во два дела: предвоените искуства и повоената дезинтеграција. Таа е длабока и гласна побуна против војната, без оглед на страните, несогласувањата и фактите. Во првиот дел акцентот е поставен врз драмата и кризата кај албанскиот народ. Приказните се напишани во динамичен сооднос меѓу детската и возрасната перспектива. Тие го следат проголтувањето на луѓето во механизмот на војната, при што и жртвите се претвораат во воени карактери, претставници на изразот и менталитетот на агресорот. Вториот дел го следи распадот на човечките животи по војната. Читаме бриколаж на стварноста и нормалноста, пренесен во апстрактно расположение и наратив. Расказите од овој дел се остатоци на трагедијата што не може да се надмине, бунт против последиците на војната во општество што привидно живее во слобода. Контроверзна и провокативна, „Сведокот“ беше високо оценета и во Косово и во Албанија – познатиот албански критичар Агим Баки беше еден од оние што широкоградо ја пофалија книгата.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата