Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2021
Опис на книгата :Share
Овој труд е резултат на неколкугодишниот интерес кон темата која досега не е подетално обработена во македонскиот јазик. Потеклото на имињата во македонската фразеологија е различно: од Библијата, од митологијата, од народното творештво, од уметничката литература и од други извори. Фразеологијата, како креативен дел од јазикот, ја илустрира вековната народна мудрост што се гледа во значењата и на овој вид фраземи. Вкупно се анализирани 417 фразеолошки изрази поделени (тематски) во следните поглавја: Имињата во јазикот; Именскиот инвентар во македонската фразеологија; Антропонимите во македонската фразеологија; Топонимите во македонската фразеологија; Еортонимите во македонската фразеологија; Етнонимите во македонската фразеологија и Македонска дијалектна фразеологија. По теоретскиот дел следуваат Речник на онимиски фраземи во македонскиот јазик и Користена литература. Книгата е наменета за студентите што го проучуваат македонскиот јазик, но ќе биде корисна и за сите што пројавуваат интерес за изградување на јазичната култура.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата