Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2020
Опис на книгата :Share
„Комунистичка интима“ првпат е објавена на македонски јазик во 2008 година во Скопје. Во 2014 година е објавена во превод на англиски јазик во издавачката куќа „НАП“ од Вашингтон. Словенечкото издание се појавува под наслов „Интимист“ во „Апокалипса“ од Љубљана. Делови од неа се преведени и на германски, унгарски, албански, турски, српски, бугарски, грчки и романски јазик во посебни изданија. Книгата доживеа одличен критички прием во Берлин и во Будимпешта. Англискиот превод се најде на т.н. Финеганова листа на книги за 2015 година на Европското здружение на писатели со седишта во Берлин и Париз. „Со ‘Комунистичка интима’, Јасна Котеска открива општество целосно изградено врз сомневање и страв и врз монопол над реалноста. Тоа е книга за контролираниот живот на нејзиниот татко, истакнатиот македонски поет Јован Котески (1932-2001), кого државните тајни служби го следеа повеќе од 40 години. Неговото тајно досие именувано ‘Интимист’ е болна метафора за интимноста, која државата ја смета за непријател број еден, за кого плаче гласно кога е сам или молчи кога сите други во толпата зборуваат се сметаат за знаци на потенцијална опасност. Нејзиниот татко, кој своето досие ‘Интимист’ иронично го преименува во ‘Биографија на пријателите’, беше ослободен од затвор благодарение на јавните залагања на Ален Гинсберг, кој ја посети Македонија во 1986 година. Сепак, тајните служби продолжија безмилосно да ги бележат движењата и разговорите на Котески. Државата се надевала дека ќе создаде свест за самоцензура кај поетот во сите работи, освен во естетиката. Јасна Котеска ја засилува својата лична приказна со внимателно избрани цитати од Лакан, Фуко, Кафка, Жижек и Дерида, ткаејќи длабок наратив за тоа како идеологиите што верувале во сопствената вечност истовремено ја бришеле човечката сопствена жед за бесмртност.“
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата