Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2021
Опис на книгата :Share
„Педесет цигари за Елена“, најновиот роман на истакнатата хрватска писателка Марина Вујчиќ, во својата основа ја има теоријата на хаосот, „ефектот на пеперугата“ на ниво на малиот човек и неговото секојдневје. Оливер Радман во спомен на роденденот на својата сестра близначка, која загинала пред дваесет и шест години, решава да испуши педесет цигари. Ја запалува првата цигара и на полноќ тргнува во прошетка низ градот, не насетувајќи дека ќе влијае врз животите на тројца луѓе: очајната мајка што не знаела дека нејзиниот сопруг е криминалец, младиот новинар што не може да спие ако некој се наоѓа покрај него на креветот и депресивната млада жена заробена во несреќен брак. Паралелните приказни на овие ликови, навидум неповрзани, ќе се одвиваат во текот на дваесет и четирите часа во кои Оливер ја изведува својата необична посвета за починатата сестра. Мајсторски напишан, со атмосфера на неизвесност и напнатост, „Педесет цигари за Елена“ е роман што ја истражува идејата како понекогаш без да бидеме свесни за тоа го менуваме животот на некои луѓе.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата