Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2019
Опис на книгата :Share
Веројатно не постои човек што барем еднаш не ја обвинил технологијата за создавање на едно френетично, плитко општество, кое сè позабрзано ита кон катаклизма. Но што ако, давајќи ваков суд, ние всушност гледаме од една „неапдејтирана“ перспектива? Што ако површноста е новата длабочина? Што ако дематеријализацијата на светот и неговото преточување во единици и нули се всушност внимателно смислена стратегија од страна на едно човештво што прави сè за да не се повторат ужасите на дваесеттиот век? Барико, со само нему својствениот шарм, ни ги претставува своите луцидно откачени сфаќања… Тој ни го свртува вниманието кон видеоиграта, во која гледа феномен што на ненаметлив, а категоричен начин ги поставува клучните начела на една колку неопходна, толку и возбудлива доба од развојот на човечката цивилизација: добата во која денес живееме – The Game
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата