Алиџан

Јусуф Сулејман

Антолог

2019

199 ден.

Цена на печатено издание: 250 ден.

Страници од печатеното издание:192

Опис на книгата :Share

Алиџан станува воен заробеник, но ја преживува војната. По неа станува активен член на екипите на меѓународниот Црвен крст што работат во повоената, разрушена Германија. Таму ги запознава Изолда и повратниците логораши, ја запознава патоодната судбина на земниот живот, а ја потиснува Ананка како ветување на самата природност на својот човечки живот. Романот „Алиџан“, заедно со „Ананка“, го формира диптихот „Живот или судбина“, социолошко-политичко-философски роман во два дела базиран на вистинити животни судбини, историски и политички настани… Преку ликовите на Ананка и Алиџан, Роми од Топаана, и Изолда, млада Германка, во романот „Алиџан“ се отсликува животот во Германија, во Југославија и во Македонија во втората половина на ХХ век, живот со многу војни, љубов, разделби, поделби и соединувања. Писателот Јусуф Сулејман, со својот специфичен стил на директен говор, ја ткае приказната низ видокругот на ромските познанија за доброто и злото, за Земјата и Космосот, за Сегашноста и Вечноста, за заветот и течението на животот, за злосторствата на нацистите, за човештината на мирољубивите Германци, за победените и победниците, за градењето и рушењето на Берлинскиот ѕид, но и за уривањето на Југославија, создавањето на самостојна држава Македонија и каде во сето тоа наоѓа место животот на обичниот човек.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата