Ден, ноќ

Ана Кечан

Македоника

0

Цена на печатено издание: 0 ден.

Страници од печатеното издание:0

Опис на книгата :Share

„Ден па ноќ, ден па ноќ, зошто е само ден па ноќ?“ На овој начин едно тригодишно девојче прашува „ова ли е животот? “. Користејќи ја нејзината метафора, во оваа збирка авторката го согледува нејзиниот досегашен живот низ три периоди: сеќавања (детство), соништа (младост) и јаве (средовечност). Сеќавањата се пренесуваат онака како што децата го доживуваат светот, преку своите сетила, без оптеретеност со рацио или контемплација, исто како што светлината на денот јасно го оцртува светот. Соништата, пак, го воведуваат читателот во ониричната страна на ноќта, каде длабочината на доживувањата ги опскурира границите на свесното и овозможува увид во несвесното. Од тие длабочини, се чини долг е патот до будење во еден нов ден, и нов дел од животот. Оваа збирка е прва од две коишто ја следат цикличната природа на животот, со тоа што втората збирка Самрак, зора, како што сугерира насловот, се задржува примарно на сонот како гранична состојба.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата