Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2019
Опис на книгата :Share
Ако не знаеме да бидеме среќни, како можеме да знаеме што е најдобро за другите? Виктор има десет години. Тој е разгалено и проблематично дете, кое живее во Прага со својата мајка Хана, театарска актерка. Кога еден ден мајка му добива понуда да снима серија на другиот крај на земјата, го испраќа синот кај својата мајка, без оглед на неговиот отпор. Чувствувајќи се измамен и изневерен, тој е уште потажен покрај доминантната баба, која вели дека има јасна идеја како треба да изгледаат животите на Виктор и на неговата мајка. Дали сите го сакаат најдоброто едни за други? Книжевен пресек на силата на семејните односи и искуства. Книжевен пресек на едно дете во време кога ја сфаќа својата беспомошност во светот на возрасните. А тука е и немоќта на возрасните пред сопствените идеи за среќа. Интересно, една од најважните случки што ќе ги доживее Виктор е, всушност, носечката приказна на книгата за деца од Петра Соукупова, „Кој ми го убил кучето?“
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата