Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2021
Опис на книгата :Share
Напишан од двојна перспектива на тинејџер и на возрасен човек, „Детството на Каспар Хаузер“ е роман за созревањето, но и за распаѓањето на човекот под притисок на сложениот семеен живот (во кој се вклучени отсуството на таткото и присуството на неколкуте очуви), но и општиот хаос што владее во Романија во 1980-тите и 1990-тите години. Момчето ја започнува својата приказна со јасен глас, обидувајќи се од најразличните настани што се случуваат во текот на неговото проблематично детство на периферијата од Букурешт да создаде една за него разбирлива слика за светот. Но, растејќи во нефункционално семејство и во друштво на насилни другари, млади отпадници, станува збунет самотник. Во вториот дел го среќаваме младиот човек како се претвора во скептична, но разумна личност подготвена да го прифати својот дел во напнатата и честопати трауматична стварност на времето во кое живее. Ова е роман загатка, составен од повеќе приказни, и обид книжевно да се опише еден од најмрачните моменти од поновата историја на Романија. Книгата доби позитивни критики во матичната држава и доживеа три изданија за неполни четири месеци од објавувањето.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата