Прашалникот е половина срце

Софија Лундберј

Антолог

2020

349 ден.

Цена на печатено издание: 400 ден.

Страници од печатеното издание:265

Опис на книгата :Share

Навидум совршен живот. Неочекувано писмо. Длабоко емотивно патување во минатото. Елин Боулс има совршен живот. Таа е една од најуспешните фотографки во Њујорк, мажена за прекрасниот Сем, со кого ја има седумнаесетгодишната ќерка Алис. Сепак, оваа слика е само фасада. Еден ден Елин добива писмо од Готланд, мал остров во близина на Шведска, каде што го има поминато своето сиромашно детство. Писмото е глас од минатото, кое Елин со сите сили се труди да го заборави бидејќи носи мрачни тајни што своевремено ја натерале да се отсели од родниот крај. Елин сфаќа дека, за да биде среќна, мора да се соочи со демоните од минатото, да се пронајде себеси. Тргнува на пат што ја води не само на друг континент туку и во едно друго време и друг живот. „Прашалникот е половина срце“ е приказна за надминување на срамот и вината, за вистината и прифаќањето на својата природа, но пред сѐ за тоа како вистински да сакаме.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата