Градот и градот

Чајна Миевил

Бата прес

2020

250 ден.

Цена на печатено издание: 400 ден.

Страници од печатеното издание:336

Опис на книгата :Share

Кога во несекојдневниот, остарен град Бесел, некаде на периферијата на Европа, ќе го откријат телото на убиената жена, инспекторот Борлу од Единицата за екстремни злосторства смета дека тоа ќе биде рутински случај. Но како што истрагата напредува, доказите почнуваат да укажуваат на заговори што се многу почудни и повеќе погубни отколку што претпоставуваше. Набрзо истрагата станува преопасна и за него и за оние што му се важни и Борлу мора да ја премине границата каква што не постои никаде на друго место и да отпатува во една метропола на држава која е исто толку чудна колку и неговиот град. „Одличен роман на тема полициски процес и прекрасна урбана фантастика, ова е основно четиво за љубителите на детективски и фантастичен роман.“ Booklist „Кога духовното чедо на Филип К. Дик и Рејмонд Чандлер би го негувал Франц Кафка, делото што од тоа би настанало би потсетувало на романот Градот и градот од Миевил.“ Los Angeles Times Според овој роман во Лондон е снимена популарната телевизиска серија под наслов The City and the City во продукција на BBC Two.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата