Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2019
Опис на книгата :Share
Во романот станува збор за сексуалната зависност, тема што Лејла Слимани ја пренесува мошне внимателно и со исклучителна суптилност. Пеколното секојдневје на Адел (новинарка омажена за успешен лекар, мајка на едно дете) е исполнето со лаги, долги подготовки за да организира средби и да ги задоволи своите сексуални желби, но и со фобии и опсесии, со страв дека ќе биде откриена во своите авантури и ќе го загуби сето она што го има – работата, семејството, самопочитта. Адел ги одбира мажите сосема случајно, а понекогаш дури и плаќа за да го добие она што го посакува. Сепак, нејзиното однесување е поблиску до некој вид мазохизам отколку до потрага по задоволство. Бидејќи таа првенствено се обидува да задоволи некој свој недостиг, длабока егзистенцијална празнина чии корени допираат до детството и до фрустрирачкиот однос со мајката, која не била способна да сака. Со својот прв роман Слимани ненаивно нè повикува во светот на сказните од детството. А детството е појдовна точка на сите наши сеништа и опсесии, колепка на нашите подоцнежни душевни демони.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата