Ангелите од Москополе-Сродни истории

Катја Максим

Бата прес

2020

199 ден.

Цена на печатено издание: 250 ден.

Страници од печатеното издание:212

Опис на книгата :Share

Во третиот том од трилогијата „Ангелите од Москополе“, авторката Катја Максим бележи безброј настани поврзани со, во светски размери моќниот банкар Симон Сина и Косма Хрисоклу прославен мајстор за обработка на дијаманти, злато и скапоцености кои ги краселе Валиде-султан во Цариград, дуждовите и другите благороднички во Венеција, Виена, Будим и Пешта… Забележани се и вистинитите љубовни стории на Коста и Лија Чегани, Лучија Петринели, како и на романските интелектуалци во европските метрополи. Еден добар дел од дејствието и дневничките записи се случуваат во Битола, каде што во егзил живееле голем број од роднините на Лија и москополците. За жал, во желбата уште еднаш да го оживеат и прослават Москополе, влашката трудољубивост, вештина за трговија и култура – доживуваат нови лични и колективни трагедии… За некои од ликовите во овој роман објавени се биографии и во светските печатени и интернет енциклопедии, а романската авторка својата сторија ја документира и со голем број писма, дневнички записи и кажувања на потомците на главните ликови.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата