Егзодус на штркови

Валид Набан

Магор

2020

300 ден.

Цена на печатено издание: 600 ден.

Страници од печатеното издание:386

Опис на книгата :Share

Егзодус на штркови, добитникот на Националната награда за книжевност на Малта за 2014 година и на Европската награда за литература за 2017 година, е сложен и повеќеслоен роман за војната и егзилот, идентитетот и раселеноста, но исто така и за љубовта и семејството во тешки времиња. Ја раскажува приказната на Набил, Палестинец кој цел живот живеел надвор од татковината и завршува на Малта. Валид Набан, една од ѕвездите во подем на современата малтешка книжевност, користи автобиографски елементи за да го изгради наративот на својот прв роман. Него- виот протагонист го живее поголемиот дел од животот во Јордан, отуѓен од семејството во Палестина. Трауматизирачкото искуство на раселеност и неприпаѓање го обележува живтот на Набил до самата негова срцевина и, како што напредува романот, тој доаѓа до заклучок дека неговиот живот е неизбежно испреплетен со судбината на Палестина. Вториот дел од романот се случува на Малта каде што Набил завршува подоцна во животот. Таму, тој повторно може да си ја преиспита својата животна приказна и да го реконструира својот идентитет низ начинот на кој неговите нови пријатели и познајници ја гледаат и ја толкуваат неговата биографија. Набил така успева да го преобрази својот егзил во некој вид искупување. Егзодус на штркови е напрегнат и убедлив наратив, добро напишан, сложен и исклучително трогателен. Романот ни нуди многу редок поглед врз животите на„вистин- ските“ Палестинци: нивните мисли, нивното однесување и нивниот дијалог резултираат од она што авторот самиот го искусил, а не од она што само го набљудувал. Ова е дело од љубов а не само производ на имагинацијата – и тоа го прави ова дело толку единствен претставник на својот жанр. Издавањето на публикацијата е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската унија.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата