Кратка проза

Димитри Цепенеаг

Магор

2020

350 ден.

Цена на печатено издание: 800 ден.

Страници од печатеното издание:648

Опис на книгата :Share

Думитру Цепенеаг (роден 1937 година) е романски романописец, раскажувач и есеист и се смета за еден од најважните повоени прозаисти во Романија. Кратка проза ги содржи сите раскази на Думитру Цепенеаг, кои покриваат по- веќе од половина век од книжевна активност. Томот вклучува три збирки раскази кои Цепенеаг ги објавил во Романија пред да му биде одземено државјанството со декрет потпишан од диктаторот Николае Чаушеску, а што го принудило да појде во егзил и да се насели во Франција: Вежби (1966), содржи осумнаесет раскази; Студенило (1967), содржи деветнаесет раскази; и Чекање (1971) содржи десет раскази. Исто така е вклучена и Драматизација и дру ̄ги текстови (1992), книга објавена по падот на комунизмот, кога авторот можел повторно да се врати во романскиот книжевен живот по прекин од дваесет години, и содржи седум претходно необјавени раскази, од 1959 до 1969 година, како и новелата од насловот. Остатокот од Кратка проза содржи четириесет и еден текст: раскази објавувани по списанија во Романија пред авторот да биде забранет и да замине во егзил; претходно необјавувани текстови, пишувани и во Романија и во Франција; рани верзии на романи пишувани во егзил, вклучувајќи го и Залудна е уметноста на фу ̄гата. Расказите на Цепенеаг ни нудат клуч за сите негови подоцнежни романи: ги воведуваат темите, човечките и животинските ликови, па дури и пасуси проза кој онирички се повторуваат од едно дело во друго, изградувајќи го заедно она што авторот го нарекува „музичка конструкција“ на неговото дело. Издавањето на публикацијата е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската унија.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата