Камено дрво

Гирдир Елиасон

Магор

2020

150 ден.

Цена на печатено издание: 400 ден.

Страници од печатеното издание:118

Опис на книгата :Share

Каменото дрво е збирка раскази за кои исландскиот писател Гирдир Елијасон во 2011 година ја освои Книжевната награда на Нордискиот совет, една од најистакнатите книжевни награди во Европа. Расказите на Елијасон нè вадат од нас самите – секој од нив е студија за самопрогон. Многу од протагонистите во овие раскази се раселени поединци. Како писателот од Мелвил или сликарот на птици од Бостон. Дури и родените Исланѓани се далеку од дома, во непознат дел од нивната сопствена земја. Но и во случајот на оние кои се дома, како оној со младото момче чиј татко нарачува да му се донесе пијано дома за да може неговиот син да почне со часови, своето опкружување не го чувствуваат како домашно. Исто така следиме и ученик кој заминува за најсеверниот град Сиглуфјордур за да се натпреварува на шаховски турнир; еден сопруг ја пакува жена си да замине во посета на тетка и` во Шведска. Но дури и во најпусто опкружување, ликовите на Елијасон наоѓаат чудно друштво: сенишни присуства во раните часови, завидливи соседи, колеги писатели кои се појавуваат во истите далечни места со значително слични амбиции. Оваа прекрасна збирка раскази ги стопува желбите и напорите на своите бројни протагонисти, речиси сите со намера да си заминат од своите нормални животи за да си ги следат посериозно соништата. Сликите на Елијасон се секогаш неразрешени, но се исто така и некако целосни; како и соништата што ги споделува со нас, што нè водат низ нивната сопствена осама, во онаа на другите луѓе. Онака како што пишува Елијасон, сите соништа се поврзани по рабовите, како квадратрчињата во пачворк прекривка. Издавањето на публикацијата е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската унија.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата