Бертик и душкалото

Петра Соукупова

Магор

2020

150 ден.

Цена на печатено издание: 400 ден.

Страници од печатеното издание:135

Опис на книгата :Share

Првата книга за деца на Петра Сукупова е оригинална, исклучително автентична приказна за пронаоѓањето на внатрешната рамнотежа. Почна распустот. Јас сум на пат кон колибата на Ришард со него и со мајка ми. Не сакам да одам. Повеќе би сакал да останам со тато.Тогаш ќе можам да играм компјутерски игри цел ден, да пијам фанта и да јадам чипс и други работи што ги сакам. Берти има девет години. Неговите родители се разведени и тој живее со мајка му. Мама си нашла ново момче, кого Берти го нарекува со смешно име. Берти се бори да се справи со промените во својот живот. Се чувствува како да го предале. Сака нештата да се вратат онакви какви што биле порано. Љубоморен е. Лут е. Се однесува лошо со сите околу него. Прави работи за инает. И тогаш за време на распустот се среќава со суштество што зборува и што се вика„снафлер“ и неговиот светоглед се менува на подобро... Благодарение на „снафлер“ Берти открива дека врските меѓу луѓето не се толку едноставни колку што би сакал тој да бидат; исто така сфаќа дека сè што е важно за неговиот живот е сè уште во него. Откако ќе се помири со постоењето на Ришард и ќе се спријатели со снафлерот, тој можеби ќе се спријатели и со други. Издавањето на публикацијата е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската унија.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата