Пернички раскази

Здравка Евтимова

Магор

2020

200 ден.

Цена на печатено издание: 500 ден.

Страници од печатеното издание:264

Опис на книгата :Share

Приказни од Перник е збирка раскази на Здравка Евтимова, бугарска писателка чии раскази се објавени во 31 земја ширум светот. Збирката се состои од 32 расказа кои во САД беа објавени како две засебни збирки раскази. Расказот „Погрешно“, вклучен во книгата Приказни од Перник, беше избран и е дел од антологијата Најдобра европска фикција 2015, објавена во 2015 година од Dalkey Archive Press во САД. Најдобрите раскази на Здравка Евтимова се собрани во Приказни од Перник. Тие и` го носат водечкото место во современата бугарска книжевност и долгогодишната традиција на бугарски раскази. Во зависност од нивните теми, расказите во збирките можат да се поделат на следните групи: 1. Раскази со фокус врз социјални прашања; 2. Раскази за моќта на љубовта; 3. Раскази посветени на силата на корените што родителите им ги пренесуваат на децата; 4. Раскази во чие средиште е хуманизмот или неговиот недостиг во денешеницата; 5. Раскази за одмазда; 6. Раскази посветени на уметници. Оваа поделба е секако релативна во голема мера бидејќи фокусот е она што ја одредува класификацијата на расказите. Сепак, темите и мотивите во поединечните раскази се испреплетуваат, давајќи му на заокруженото дело особина на полифонија. Ова е мислењето на Елизабет Френк, професорка по современа американска книжевност во САД, и добитничка на Пулицеровата награда: „Расказите на Здравка Евтимова покажуваат моќна имагинација, неочекувана црта на дива драмска инвентивност и опишувачка вештина, како и единствено чувство за форма, за тоа како да се почне, развие, рашири и на крајот да се заклучи една приказна. Гласовите на нејзините раскажувачи се грубо непосредни, понекогаш дури и шокантно, но и хипнотизирачки. Нејзиното сочувство оди рака под рака со нејзиниот хумор. Издавањето на публикацијата е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската унија.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата