Човекот што ги сакаше калинките

Душко Родев

Македоника литера

2010

150 ден.

Цена на печатено издание: 200 ден.

Страници од печатеното издание:133

Опис на книгата :Share

„Човекот што ги сакаше калинките“ е историски роман за вистински личности и автентичен настан од почетокот на 20 век. Кога познат и авторитетен македонски војвода, борец за ослободување, сака да се жени со девојка од својата чета, љубовта и за двајцата станува сурова и трагична. Страдаат поради апсурдот меѓу борбата за слобода и слободата на љубовта, поради апсурдната неспоивост на идеалот на слободата (за која се борат) и идеалот на љубовта (поради која страдаат). Со ненаметлив, наместа бележнички и прилично економичен стил, авторот ги преточува длабоките психолошки и емотивни ерупции во стегнато четиво кое й дозволува на приказната, инаку составена од самиот живот, да ја пренесе својата несомнена енергија и врз читателот. Во романот се преплетуваат повеќе теми и прашања: револуционерната честитост, индивидуалните величија и подлости; човечката љубов и револуционерниот морал; возможноста на чистата љубов во услови на револуционерните превирања, дискретно сугерирана дилема – го ништи ли Револуцијата највисокиот човечки квалитет, љубовта; каква ли ќе е слободата што не умее да застане зад една чиста човечка врска? Во таа смисла, романот на релативно едноставен начин покажува како јакобинската ревносност и љубовта раснат во трагично непомирливи категории. Притоа љубовта и човекувањето, во емоционалниот епилог на романот, ги покрива суровиот заборав на историјата. Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“, во своето образложение, за „Човекот што ги сакаше калинките“ истакна дека „романот на Родев ги продолжува најдобрите традиции на македонската историографска проза“ и дека „во својот роман Душко Родев подига лирски книжевен паметник не само на една историска фигура, туку и на трагизмот на слободата во време на историски превирања“.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата

marijaminev96@gmail.com