Судбина

Луис Коуперус

Македоника литера

2017

150 ден.

Цена на печатено издание: 200 ден.

Страници од печатеното издание:149

Опис на книгата :Share

Романот „Судбина“ (1890) е роман за пријателството, но и за фатализмот. Приказната се однесува на двајцата пријатели – Франк Вестхофе и Роберт ван Маерен. Кога една зимска ноќ Ван Маерен се наоѓа во Лондон и скита по улиците без скршена пара во џебот, неговиот стар пријател Франк великодушно му ја отвора вратата на својот дом и штедро дели сѐ со него. И покрај дијаметралните разлики меѓу нив, двајцата некое време живеат живот на богати ергени, поминувајќи ги деновите во уживање во луксуз и во безделничење. Но, еден ден Франк се заљубува во Ева по што Ван Маерен не бира средства за да ги раздели и притоа да си ја заштити угодната положба... По објавувањето, „бруталноста и морбидноста“ на романот предизвикуваат контроверзи и незадоволство, пред сѐ кај религиозниот печат во Холандија. Сепак, меѓу импресионираните од овој роман бил и Оскар Вајлд, што резултирало со спријателување на двајцата писатели. Денес „Судбина“ се смета за едно од најзначајните класични дела на холандската литература.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата