Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2005
Опис на книгата :Share
Тематската рамка на песнарката "Нишан за Деспина" е авторскиот феномен на Депа Каваева, внуката од сестра на струшките преродбеници, браќата Димитрија и Константин Миладинов. Онаа струшка девојка е една од најпројавените собичари на македонската народна поезија во текот на XIX век, вградена е со богат циклус македонски (лирски и епски) народни песни што доминира но епохалниот Зборник од македонски и бугарски народнн песни, првообјавен во Загреб во 1961 година. Но, Депа Каваева не е само собирач на народни умотворби. Таа е мошне пројавен пеач (интерпретатор) на македонски народни песни и најверојатно нивен составувач, поддотерувач, анонимен редактор. Загорка Присиѓанец Тодоровска ја става оваа наша подзаборавена поетеса во фокусот на своето внимание во име на длабока авторска почит кон животот и делото на личност останата во сенка на една епохална книга Зборникот народни песни од Миладиновци. Богатиот циклус од лирски народни песни вклучен во овој Зборник е заслуга на оваа млада девојка од Струга, за која се зборувало дека му ги привлекувала и вознемирувала очите и чувствата на младиот Григор Прличев, и која, се мисли, дека поради незбиднатата љубовна врска се закалуѓерила. Песнарката на Загорка Прнсаѓанец Тодоровска е обид да се внесе во еден мозаик од стихови троа сказна за еден млад и штотуку разгорен живот, исцело посветен на волшепствата на одбраниот збор.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата