Енгеле Бенгеле

Тони Аврамов

Македоника

2019

Цена на печатено издание: 0 ден.

Страници од печатеното издание:

Опис на книгата :Share

Ако староста нѐ учи на мудрости кои сме ги стекнале низ годините,тогашдетството еонојделодживототвокојмислите ни се ослободени од бремето на секојдневието, оној дел во кој безгрижно пловиме по морето кое нема бранови. Секое детство има своја приказна, свој споменар во кој се чуваат лудориите, од кој понекогаш учат и возрасните. Ако ги имаме сеќавањата од деството, тогаш нашиот живот е исполнет со ведрина и веселост, ако ги чуваме игрите во фиоките од минатото, ние безгрижно чекориме кон иднината, затоа што знаеме – сѐ што сме можеле сме исполниле и секоја наша желба, па макар и нереална, била стварност за нашите години и за нашето дество. „Енгеле – бенгеле“ е книга за магичното детство, за неостварените желби и фантазиите кои растат во малите умни глави. „Енгеле-бенгеле“ е игра која живее во секое детство, игра која раскажува за добрите и лошите страни на човекот, за црното и белото кое најчесто, но и најбрзо го препознаваат децата.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата