Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2018
Опис на книгата :Share
Во летото 2015 го запознав лицето Н.А. којшто буквално ми го смени животот. На подобро. Искрено на почетокот не бев сигурна дали е вистински, ама излезе дека е. Вистински поради тоа што успеа да ја допре мојата душа и срце и покрај тоа што додека го пишувам ова не сме заедно. Ми беше прекрасно и кога почна да се случува крајот ми се растажи срцето. Тагував најмногу. И долго потоа тагував. Ми беше мака што ете се случи тоа што се случи, за да сфатам потоа колку треба јас нему да му бидам благодарна и колку навистина бил вистинскиот во тоа време. Како што кажав тагата беше голема. Ми изгледаше голема колку црна дупка без дно. Интересно беше што не сакав да излезам од неа. Плачев толку многу што мислам дека ги предизвикав сите атмосферски промени на времето во Мај 2016. И плачев. И плачев. Долго, подолго, најдолго во свет. И веројатно од тоа што од секогаш сум имала ниска самодоверба и вродена несигурност се обвинував себеси за тоа што се случи. И ете. Решив дека веќе не смеам да си дозволам добри луѓе да заминуваат од мојот живот. И дека морам да работам на себе за да го имам тоа што го сакам. И тогаш сфатив дека г- динот Н. Бил навистина ВИСТИНСКИОТ за мене. Да не ме повредеше/оставеше така како што ме остави јас никогаш немаше да го започнам овој мој процес на засакување на себеси и да сфатам што ВИСТИНСКИ САКАМ. И затоа многу му благодарам на се. Му благодарам и за тоа што ме инспирираше за најубавите статуси во книгата на лицата.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата