Неискажаните зборови

Ивана Балтовска

Македоника

2018

Цена на печатено издание: 0 ден.

Страници од печатеното издание:

Опис на книгата :Share

Ова дело претставува збирка на раскази, коишто обработуваат љубовни теми, филозофски теми и раскази коишто зборуваат за животот воопшто. Претставуваат субјективно гледиште, одраз на моменталната емоционална состојба на авторот. Не претставуваат копирање на реалноста, ниту пак искажување на некои факти, туку начин на размислување за одредени делови од реалноста и она со кое често се соочуваме. Проблеми кои не се непознати за денешницата, а честопати не ги сфаќаме сериозно и не им посветуваме доволно внимание. Дел од текстовите се пишувани врз основа на сопственото искуство, а дел се генерализирани врз основа на општиот впечаток кој го извлекувам од однесувањето на луѓето по одредено прашање. Сметам дека многу поединци можат да се пронајдат во она кое што е напишано во овие текстови. Љубовта и емоциите, проблем или придобивка? Тага или среќа? Болка или задоволство? Прашања кои си ги поставуваат мал милион луѓе на овој свет. Растргнатоста меѓу она што е вистина и она што ни се прикажува како вистина. Контрадикторност, судир на чувства, непрекинати борби...

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата