Опис на книгата :Share
СЕ ПРОШЕТАВ МАЛКУ НИЗ УЛИЦИТЕ НА НАШИОТ ГРАД, А ЈУНСКОТО ТИВКО ВЕТРЕ ГО ШИРЕШЕ ОПОЈНО РАСКОШНИОТ МИРИС НА СВЕЖО РАСЦУТЕНИТЕ ЛИЉАНИ. СЕ ТРУДЕВ ДА НЕ ГИ ЗАБЕЛЕЖУВАМ НЕДОСТАТОЦИТЕ НА МОЕТО РОДНО МЕСТО, ЗАШТО ГИ ИМА МАЛКУ ПОВЕЌЕ. САМО САКАВ ДА УЖИВАМ ВО ПРИЈАТНОТО СЛОБОДНО ПОПЛАДНЕ. ОДЕДНАШ ЗАСЛУШАВ ПЕСНА. ОПОЈНА МЕЛОДИЈА. ПОДОБРО ЧУВСТВО НУДЕШЕ И ОД АРОМАТА НА ЦВЕТОВИТЕ, ОД ТОПЛИНАТА НА ЈУНСКОТО СОНЦЕ, ОД ПРОЗИРНОТО ПЛАВЕТНИЛО НА НЕБОТО. ТРГНАВ ВО ПРАВЕЦОТ ОД КАДЕ ШТО ДОАЃАШЕ ЗВУКОТ НА ПРЕУБАВАТА МЕЛОДИЈА. КОЈА ЛИ ПТИЦА, ГОСПОДЕ ПЕЕ ОЛКУ УБАВА ПЕСНА. СЛАВЕЈ ЛИ? ЧУЧУЛИГА ЛИ? НЕ, НЕ, НЕ Е СИГУРНО, ОВА Е НЕШТО ПОСЕБНО, ПОДРАГОЦЕНО, ПОРАЗЛИЧНО ОД СЕ ДРУГО. ПРЕКРАСНА КУЌА, КАКО ЗАМОК, СО ПРЕКРАСЕН ОГРОМЕН ДВОР ПОЛН СО ЗЕЛЕНИЛО И ЦВЕТНА ГРАДИНА, КАКО ОД БАЈКИТЕ. ТУКА НЕГДЕ БЛИСКУ Е, СИ ПОМИСЛИВ. НАСЛУШАВ ПОВТОРНО. ДА, ОТТУКА БЛИСКУ ДОАЃАШЕ ПРЕУБАВИОТ ГЛАС. ЗАСТАНАВ ОНЕМЕНА ОД ТАЖНАТА МЕЛОДИЈА НА ПТИЦАТА ШТО СЕ НАОЃАШЕ ВО КАФЕЗОТ НА БАЛКОНОТ ОД УБАВАТА КУЌА. СЕ РАЗЖАЛОСТИВ, ЗАПЛАКАВ, СРЦЕТО МЕ ЗАБОЛЕ, МИ СЕ ЗАМРАЧИ ЛИЦЕТО ОД БОЛКА, ЛУТИНА И ТАГА. ТОА ПЕЕШЕ ПТИЦАТА ЗАТВОРЕНА ВО КАФЕЗ. ЗА ШТО ЛИ ТОЛКУ УБАВО ПЕЕ, А СЕ НАОЃА ВО ЗАТВОР, СИ ПОМИСЛИВ?! ШТО ЈА ИНСПИРИРА? ЖЕЛБАТА ЛИ, ЖИВОТОТ ЛИ, РАЗДЕЛБАТА ЛИ, ОСАМЕНОСТА ЛИ? ЉУБОВТА ЛИ? СЕ ОНА ШТО ГО НЕМА, А СОНУВА ДА ГО ИМА ВО СВОЈАТА ОСАМЕНОСТ? ШТО И ДА СЕ СЛУЧУВАШЕ ВО ДУШАТА НА КУТРАТА ПТИЦА ЗА ДА ИСПУШТА ТОЛКУ МИЛИ АКОРДИ ОД СВОЕТО ГРЛО, ЈА СОЗДАВАШЕ НАЈУБАВАТА МЕЛОДИЈА. БОЖЕ, СИ ПОМИСЛИВ. И ОВОЈ ПАТ СЕ УВЕРИВ. ТАГАТА ГИ КОМПОНИРА НАЈУБАВИТЕ МЕЛОДИИ. ТАА ГИ ПИШУВА НАЈУБАВИТЕ СТИХОВИ. ТАГАТА ГИ СОЗДАВА НАЈУБАВИТЕ ПЕСНИ.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата