Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2018
Опис на книгата :Share
Во овој ракопис станува збор за настани и личности кои сметаат дека своите животи ги имаат надвор од нивна контрола. Се зборува за животот и младоста на Васил во главниот град Скопје некаде во 50-те и 60-те години на XX век, љубовната авантура во големиот град на светлината, неговите соништа како студент и разочарувања, стравови и пропусти. Потоа се разгледува неговиот живот во староста, каде сите го знаат како Филозофот, длабочината на неговата тага, неговите преиспитувања и филозофски и религиозни трагања по вистината. Помеѓу нив се движат ликови и настани од необична природа кои полека но суптилно влијаат на одлуките и размислувањата кај главните ликови. Се зборува паралелно за животот на младата Бјанка и нејзината чудна врска со мистериозниот странец Арвин, за нејзината тетка, нивните трагања по вистината и решавање на трагични и мистериозни настани кои се вонвременски и надвор од просторот. Книгата делумно е базирана на вистински настани и ликови, како и на помалку познати историски настани, на сведоштва од луѓе со необични духовни доживувања и еден дел е фикција. Сите работи во животот се повторуваат, постојано во циклус кај сите луѓе, во различни бои, облици и форми со иста срж но различна интерпретација. Едната тажна, другата среќна. Секогаш во интерес на вниманието е поединецот, неговата душа, воздишки, желби, стравови, предизвици, искушенија, храброст, интелект, инспирации и уште многу нешта кои на крајот од патот не вовлекуваат во макрокосмосот.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата