Опис на книгата :Share
Душата претставува разговор со самиот себе, одлуки, компромиси, мечтаења на внатрешниот глас, кој никој не го слуша. Таа е една огромна пространа одаја, чиј клуч никој не го поседува. Сечија душа претставува едно шаренило од бои, под кое има место и разбирање за секој-а кој оставил впечатлива емоција, но и испадување за секој-а , кој-а неколку пати го пречекорил-а недозволено прагот на толеранцијата. Луѓето се како печурки на дожд, ги има од полза изненадно брзо, ист толку брзо ги снемува кога немаат корист, постојано се менуваат, без став, без карактер, без цврсто ЕГО, без знаење што навистина сакаат, и е најдобро за нив, пребрзо се заситува од убавина и добрина, та лутаа по девијантни патишта. Од таквите личности карактерот знае да го стегне синџирот на самоодбраната, да се скраси макар сама со себе, или со некоја нова, неоткриена среќа што Бог и ја испраќа, отколку со погрешен партнер, користољубиви пријатели, преполни со злоба, завист, љубомора за нечии успеси, кои после многу Да, се лутат на едно НЕ, се разбира по заслуга. Самоодбрана на душата, поетски излив од секојдневието, што постојано не следи и ни се случува неанмерно, спонтано, без да сакаме и знаеме учествуваме во истото како победници или губитници, се од нас зависи како ќе се поставиме...
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата