Преведена тишина

Сотир Георгиевски

Македоника

2017

Цена на печатено издание: 0 ден.

Страници од печатеното издание:

Опис на книгата :Share

Сотир Д Георгиевски е автор, кој како од ракав да ги извлекува стиховите. Полн со инспирација, својата поезија пленува. Ни ја доловува љубовта низ животот, со повеќе тажно-радосни и љубовни стихови. Со својата поезија, како да сака да ни каже дека љубовта е составена од разни чувства, страст и љубовна радост и болка. Во младоста по љубовта се лудува, па ја остварува, а останува и неостварена. Во секој случај, секоја средба, оставила некаква трага. И нека е тоа трага од болка, темнина и тишина, тоа го крунисува со убави творби, во кои секој фрагмент има доза на чувство. Во стихозбирката „Преведена тишина“, авторот во тишината на својата кротка душа, создава песни, кои се празник за ушите. Грејат и даваат силна порака. Порака на саканата, на љубовта кон милите лица, па се до тажните преплетувања на тага, заради неа.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата