Патот до метаморфозата

Рената Пенчова

Македоника

2017

Цена на печатено издание: 0 ден.

Страници од печатеното издание:

Опис на книгата :Share

Приказна во приказна која се проткајува низ страниците на оваа книга. Генерациска болка прикажана низ очите на малата Алјоша, која сосема мала го запознава возрасниот свет. Ги запознава своите корни и гени, за полесно да се пронајде самата себе си, љубопитна глава која се интересира за животите на своите предци. “Има ли поголемо страдање од ова што сега го доживуваме?” Ова е прашањето што Ајлоша цело време си го поставува самата на себи си. А, страдањата започнува да ги запознава најпрво во сопствениот дом во нивните семејни односи, а потоа и со нивното бегство од Сирија, како последица на граѓанската војна. Таа и нејзиното семејство стануваат бегалци кои сакаат да дојдат до европското тло, но патот ни најмалку нема да биде лесен. Но, нејзе за да и биде полесно, таа има свој сослушувач, а тоа е момчето Зеид од Берлин со кое случајно се впуштаат во една мистериозна истрага. Иако се наоѓаат на сосема два различни краеви на земјата, тие не ја губат надежта за нивна средба. Ликовите во романот ги надополнуваат настаните, а времепловот ги приморува да пловат по своето море. И покрај сите болки и таги, тие мораат високо да ги кренат едрата и да запловат во среќните мориња.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата