Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2016
Опис на книгата :Share
Ми падна ѕвездата од чело ја прикажува борбата со демоните и ангелите кои ние, луѓето, си ги замислуваме во нашите глави. Самата конструкција на збирката ја чинат два дела, насловени како indigo и sub-constellation. Првиот наслов indigo како збор, претставува растение, боја, но пред сè-суб култура на пресликувањето на нашите мисли. Оттука потекнуваат и супериорните индиго деца, кои, како врв на пирамидата од нашето постоење, му даваат посебен одлик на општеството. Тргнувајќи од сето ова, во indigo се зборува за луѓето околу нас, оние кои нè напуштиле одамна и оние кои допрва ќе ни бидат блиски, ако во меѓувреме не сме заминале во друг појас на живеењето. Вториот дел пак, sub-constellation ни дозволува со сета наша сила да ја осетиме моќта на небесните тела и потајно да се поврземе со нив. Се зборува за настанокот, за нашето поврзување со нив, но и нивната смрт од човековата лутина. Накратко, Ми падна ѕвездата од чело, зборува во име на сите луѓе, но и за тоа колку сме ние спремни да му дозволиме на универзумот да владее со нас.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата