Третото што нè спојува

Маја Арминовска

Македоника

2016

Цена на печатено издание: 0 ден.

Страници од печатеното издание:

Опис на книгата :Share

Средбата со најдрагоцената љубов знае да го занеме најсилниот инстинкт на срцето, да кокетира со времето, дрско да го впери својот поглед во ривалството, во заробената мисла, да го натера разумот да ги извада спомените и сегашноста, да натежне од страната на среќата, високо горе на вагата да одлета просечноста. Понекогаш попусливоста знае да му изврши промена на авторитетот, трансформација до непрепознатливост, од највисококрената гордост, па се до ниско заземјена покореност. Вистинската љубов е јазол помеѓу две срца, цврсто подврзан. Ако судбината на истите им предодреди несреќно спуштање на завесата на животот, таа никогаш повеќе среќно нема да се крене горе. Најсочниот нектар на сентименталноста знае да ја впие душата во сунѓерот на сеќавањата, па минијатурно да изгледа секој количински помал грст љубов во скутот на чувствата истурен. Третото што две срца спојува е срце од две скршени половинки, кое ќе чука за нив и кога нема да бидат заедно, само за спокој дека и двете се наводно добро и привидно среќни во врзаниот шаблон на животот, од чии рамки никој нема храброст да наѕирне како е другиот, иако постојано потајно се запрашува и потсвесно го посакува...

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата