Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2016
Опис на книгата :Share
Љубовта и желбата за живот и барањето убавини во секој дел од денот е една инспирација која те прави жив. Во наредните страници може да се прочита за ликот на Џозефина која многупати ќе биде идеализирана, со обид да ја претставам совршено-несовршена, но толку блиска до една обична девојка, обичен човек кој живее за да љуби, да биде среќен и да постигне успех. Од обична мисла, од еден стих од песна итн. настануваше секој запис кој не се трудев да го правам совршен затоа што убавината на уметноста некогаш знае да се најде и во хаосот.. Некој би ги опишал записите како обид за персонализирање на ликот на Џозефина со мојот, јас ниту потврдувам, ниту одрекувам. Секој запис е плод на моите мисли кои требало да бидат некаде запишани, а сум ги срочила токму во овие записи кои сакам да остават некаков белег. На почеток без мир и полна со сомнежи, во потрага по среќа и љубов за паметење, дали тоа ќе го пронајде? Секој запис се чита во еден здив, а додека да трепнеш ќе се запознаеш со нејзиниот лик.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата