Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2016
Опис на книгата :Share
Книгата „Кумството во Црквата“ – претставува типично историско - катихетско дело, кое служи за запознавање со институцијата кумство во Црквата. Ова дело длабоко задира во пределите на Црковното и Брачното право, од чиј што научен аспект се разработува целото дело. Во исто време, исто така не е воопшто занемарен и литургискиот аспект. Првиот дел од делото е посветен – општо за институцијата кумство, а додека вториот дел е посветен на духовното сродство, со што е заокружено делото. Така на еден современ богословски начин се нудат низа решенија на современиот проблем околу институцијата кумство во Црквата. Делото е мошне интересно. Напишано е на едноставен и чист македонски литературен јазик. Со читање на ова дело се здобиваме со знаења поврзани околу кумството, но и добиваме низа решенија за проблемите, кои со текот на времето се појавиле околу институцијата - кумство. Оваа тема секогаш привлекува посебно внимание како за теолозите - канонисти (црковни правници), така и за историчарите ширум светот. Со искрена надеж дека ова дело ќе ги задоволува критериумите и нормите за подобност, Ве поздравувам!
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата