Човекот кој стана феникс

Александар Маркоски

Македоника

2014

Цена на печатено издание: 0 ден.

Страници од печатеното издание:

Опис на книгата :Share

„Човекот кој стана феникс” е крими роман во кој е прикажан животот на младиот лик Марко, неговата постојана битка со есенцијалните прашања за суштината на овоземските искуства, преку задирање во најсуптилните метафизички загатки. Фаустовиот бунт против одморот, копнежот по радост и возвишување, како дел од неговото секојдневие ќе му донесат еден неочекуван настан кој целосно ќе го промени текот на неговото живеење. До кој степен сме подготвени да го жртвуваме мирот и слобода за доброто на нашите најблиски? Дали постои совршено убиство кое може да се скрие од очите на органите на прогон? Ова се само дел од прашањата кои се доразработуваат во продолжението на овој роман. Исправен пред моралниот суд пренесуван од генерации на генерации се соочува со гревот и грешноста воведени поради физиолошката слабост на човекот кој секогаш наоѓа причина да се чувствува незадоволен од себе. Желбата да стане бесмртен како птицата феникс, издигнувајќи се од сопствената пепел во споменот на останатите, води кон одговорот на сите поставени прашања.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата