Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2016
Опис на книгата :Share
„Молецот и далечната месечина“ е збир од сите мои доживувања од моментот кога пречекорував праг помеѓу стариот и новиот свет. Или не беше само еден праг? Од тогаш не бројам. Авантурите се пишуваа сами страница по страница, додавајќи нови лузни на патник кој секогаш целеше напред. Некои од песните се само идеја, некои се целосна приказна истуркана до крај, или можеби прекината во најболниот миг. Молецот и месечината се само дел од патувањето, кое нема дестинација. Некои ноќи се студени и мрачни, но песните се фенер или свеќа оставена да ме води напред. Инспирација за песните е црпена од секакви извори, некогаш музика, понекогаш приказна или лик од некој филм, и добар број видео игри. Воведниот песни на книгата се некако груби, за потоа да дојдат оние кратките, кои се купче игра на зборови од патување во автобус. Петтиот убод е песна која е искована со многу каење и јадеж. Таа е еден праг кон песни кои се пишувани со адреналинот и сомнежот и прашањето: што ако? Молецот и месечината се тоа, молец и месечина, ноќен сведок и патник кој, упатен кон светлината, никогаш не стасува. Распаѓањето на инсектите е миризба која ја носам одамна со мене, и таа миризба е доволна за да ме потсети на изминати авантури, и тие што допрва ќе дојдат. Илјадници песјаци е хаосот, страдањето и ужасот, кој демне секој пат на работ на нашиот ум. На крајот, следењето на сирената и прекинот на нејзината песна, како и малите воздишки кои се испишани и разлеани со последните сили на одекот кој го означува крајот.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата