Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2016
Опис на книгата :Share
Крунисувањето на тажната смеа е збир од песни кои се пишувани околу три години. Првата песна настана сосема случајно, на еден средношколски час на кој, изгледа, ми било малце здодевно. Поттикнат од добрата реакција на соучениците, продолжив да пишувам понатаму. Инспирација ми беа голем број книги, филмови, мои блиски роднини, и по некоја неостварена љубов. Потоа, инспирацијата почнав да ја црпам од идеите и дружбата со одредени луѓе, кои го имаа загосподарено убавиот збор. Знаев дека никогаш нема да ги достигнам. Но тоа не беше важно. Од ден во ден, песните беа грубо и неуредно напишани на стари листови, обично додека чекав времето да помине или додека сум бил убиен од здодевност на некоја ужасна прослава. Сон ми беше да бидат издадени песните. Еден ден, и тоа се случи. Некои од песните се ужасни, некои се осакатени од препоправање, а некои се тотално непотребно ставени во збирката. Како и да е, Крунисувањето е овде и е доволен сведок за постоењето на еден одамна убав, завршен свет.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата