Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2016
Опис на книгата :Share
Во својата рецензија кон „За некои спомени од онаа некогашност“, Владимир Мартиновски вели: „За некои спомени од онаа некогашност на Стефан Марковски нè уверува дека проникнувањата на поетското и филозофското „пеење и мислење“ не се само далечно минато: во поетскиот дискурс на овој млад поет се проникнуваат концептите и категориите од домените на природните науки (форма, просторност, релативност...) со оние од сферата на филозофијата (мудрост, ствар, реалност...)“, додавајќи „во поетскиот вокабулар на Стефан Марковски се проникнуваат многубројните ретки, подзаборавени, напати новосоздадени но секогаш „очудени“ лексеми, особено именки (разотуѓеност, вреломорје, заморци), придавки (венусто, офучена, новоизгреан) и глаголи (анихилира, опоимува, пејзажира, стрмоглави), кои градат една комплексна, густо ткаена и непредвидлива поетска синтакса.“ Стихозбирката содржи 62 песни поделени на 12 циклуси и е првата стихозбирка на Стефан Марковски, објавена заедно со поемата „Апеирон“ во 2010-та.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата