Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2016
Опис на книгата :Share
Моето второ јас е роман кој од својот почеток на пишување до неговото издавање, растеше две години. Во самите почетоци сакав да биде автобиографски, но кога се сетив дека би бил премногу тажен и патетичен, решив малку да ја измена целата приказна и на романот му дадов комична нота и мала доза на хумор. Низ него провејуваат соништа, вистински, вистински настани но и многу измислени луѓе и случки. Животот не е розов но ако си ставиме розови очила ќе биде розов, па затоа на настаните им ставив розови очила да и вас како читатели да ве насмевнам. Насмевката е лек за секоја душа, а јас се надевам дека ќе успеам во мојата намера да ви дадам еликсир. Никој не знае што носи новото утро, меѓутоа денес можете да сторите нешто добро за себе, прочитајте нешто кое ќе ви покаже дека и во црното има бело и животот на една личност која живее со тешка болест може да биде и повеќе од интересен. „Сопки“ сите имаме на патот, но секогаш со позитивна енергија можат брзо да се надминат, па макар и ако создале големи проблеми. Сепак овој роман може и да ве замисли и да ви открие нови хоризонти во книгата наречена живот. Се надевам дека ќе уживате додека го читате.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата