Почеток на љубовен заплет

Ирена Парчеклиева

Македоника

2016

Цена на печатено издание: 0 ден.

Страници од печатеното издание:

Опис на книгата :Share

Меѓу кориците на оваа книга се извезени реченици со чија помош е доловена смислата на љубовта. На мојата љубов. Првата љубов, која верувам, секој ја почувствувал во животот. Во секого предизвикала бура на емоции, несигурности, страв, болка и сите тие чувства што таа си ги носи со себе. Да се разбереме, зборувам за онаа современа љубов, што се надевам, секој ќе го интересира, особено помладата генерација. Бидејќи и јас сум дел од оваа нова, современа доба, и јас сум дете од новата технолигија, и мојата љубов всушност е пропратена со современи елементи. Секое тенџерче си има свое капаче. Па така и оваа љубов за која штотуку ќе прочитате нешто. Знаете, секој од нас посакува засекогаш да остане дете и никогаш да не се соочи со оние сериозни проблеми кои го чекаат во животот. Секој посакува тоа безгрижно детство, во кое сме само на минување во животот, да трае вечно. Оние безгрижни денови и детски лудории, бидејќи кога сме деца, во секој агол од животот имаме рајска градина. Сепак, колку и години да имаме на број, треба да го задржеме она немирно дете некаде длабоко во себе. Но, и крупните години си имат своја предност. Една од предностите е тоа што почнуваме светот да го гледаме од реален аспект, како и се во него, почнувајќи од љубовта – во овој случај. Не секоја љубов е приказна со среќен крај. Не секоја приказна завршува со реченицата “И така среќно си живееја до крајот на својот живот...“. А дали оваа мојава е приказна и како завршува, останува на вас, читателите.

Оценки и коментари :

Просечна оценка за книгата