Логирај се
Сите полиња се задолжителни
Вашето име
Вашето презиме
Лозинката ќе ви биде испратена по е-пошта
Вашата е-пошта
2016
Опис на книгата :Share
“Малиот Воин” е роман во кој нарацијата, интроспекциски се ниже, богата со длабоки психолошки дијалози, изобилува со прекрасни слики (пејзажи) кои на моменти се слика на душевната состојба на ликовите. Сликите на судирите во семејството, детската невиност и игра, прекрасните описи на Мариово, напнатите ситуации со елементи на крими роман, љубовна бајка е цела филмска приказна во кој самиот читател ќе ја има можноста да се втурне во фикцијата на авторот и да создаде сопствена слика за современата бајка, која мајсторски и зрело ја спакувал Алексов. Романот е модерна бајка, реална слика на семејство од 21 век, богата со интриги, испреплетена со чудесни елементи. Во реалниот свет, изгубените морални вредности, очајот на ликовите, во еден момент на безнадежност ќе ја промени судбината на многу ликови со чудесното вмешување на некој поинаков свет и сила во среќен крај во кој секој ќе си го најде своето постоење и улога под сонцето. Пораката на авторот дека љубовта е таа која стапува на сцена и ја има моќта да нè претвори од безживотни во животворни трагачи низ животната врвица, но и да бидеме невини и верни ко децата бидејќи тие се тие ангелски души кои ја сеат и носат таа безусловна љубов. Ова е роман вреден за читање, изделкан и создаден од дното на душата, пишуван со љубов, ја имаа таа моќ на вредност бидејќи сите уметнички дела кои се создадени од дното на душата го имаат тој восприемчив ефект на чистина, леснотија и создавање емоција при самото читање.
Оценки и коментари :
Просечна оценка за книгата